Македонската полиција купува 20 комбиња за над 800 илјади евра

Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“, објави Фактор.
Секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.
Возилата се произведени 2023 година, со дизел агрегат, ЕУРО 6, од 2.300 кубици кои произведуваат сила од 99 киловати. Ќе бидат со шест брзини и ќе тежат до 3,5 тони. Новите интервентни возила ќе бидат опремени со системите: АБС, ЕСП и АСР, електронска блокада на диференцијал и систем за помош при возење на угорница.
Ќе бидат климатизирани, со централно далечинско заклучување, серво волан, ЛЕД светла, две воздушни перничиња за возачот и совозачите на предна клупа, сензори за паркирање, борд компјутер, магленки и грејачи на ретровизорите кои се подесуваат електронски.
Климатизација ќе има и за приведените лица, а во делот каде тие ќе бидат сместени, ќе има безбедносни камери, за штитени од можно кршење.