Светската кошаркарска федерација – ФИБА ги сумираше резултатите во младинските категории.
Први на „дневен ред“ беа натпреварувањата во женскиот сегмент. А по „пресекот“ направен по завршувањето на јуниорското Светско првенство, нашите женски селекции се најдоа на 37 позиција во оној европски ранкинг-систем кој се применува од оваа календарска година.
За резултатите остварени во текот на 2022 година, Македонија во овој момент има 123.8 бодови, што е напредување за четири позиции во однос на последното рангирање, објави КФСМ.