Македонската влада, конечно, сфати дека ја рекламира Германија – ја смени фотографијата за кампањата

Откако ја изрезили целата држава сосвојот потег со фотографија на езеро во Германија да го промовира македонскиот туризам, и по реакцијата на британскиот автор на спорната снимка, Влада одлучи да ја промени промотивната отографија

Покрај реакцијата на британскиот фотограф Симон Мигај на кражбата на негово авторско дело кое СДСМ го користи за владината предизборна кампања, кој на социјалните мрежи напиша дела „умрел од смеење“ кога видел што направила македонската влада.

Катастрофалната грешка беше проследена и со жестоки реакции и потсмев од македонските корисници на социјалните медиуми.

По дебаклот од министерството испратија соопштение како да мислат дека направиле “ситна грешка“, и велат дека ја замениле фотографијата.

Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени  фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот бил ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Македонија.

-Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, кадешто дополнително сите граѓани кои ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата, потенцираат од Министерството за економија.