Полициски службеници од оперативната група за борба против уличен криминал од Виена, Австрија, во интернзивни истраги уапсија 30-годишен македонски државјанин осомничен за шверц на дрога. Тој е уапсен во акција заедно со 25-годишен државјанин на Сирија.
Полицајците успеале најпрво да го уапсат Сириецот, а два часа подоцна бил уапсен и македонскиот државјанин во неговиот стан во областа Отакрин. Полицајците заплениле поголемо количевство на дрога, која според полицијата е со вредност од 700.000 евра.
Двајцата завршиле во притвор.
Во друга акција упасен е српски државјанин кој одгледувал канабис исто така во Виена.