Двајца македонски државјани се уапсени синоќа на граничниот премин Батровец Србија откако тамошната полиција во нивниот камион пронашла 138 килограми марихуана, јавува новинската агенција ФоНет.
Марихуаната, чија вредност се проценува на 600.000 евра, била спакувана во 319 пакети, сокриени во специјално играден бункер од дрвени даски.
Според полициските информации, марихуната била наменета за нарко пазарот во западноевропските земји.
Уапсените македонски државјани Севим А. И Исмаил А., по полициското задржување од 48 часа, ќе бидат предадени на обвинителството во Сремска Митровица.
Според неофицијални информации, полицијата го пратела камионот со македонски регистраии од преминот Медар, од каде што влегол во Србија од Косово.