Македонски граѓанин му се заканувал на странски амбасадор

На 20.04.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, постапувајќи по пријава од 14.04.2022, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадорот во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 21.04.2022 поднесена е кривична пријава за кривично дело по член 144 ст 3 од Кривичниот законик.