Во тематската антологија на светската поезија која неодамна излезе од печат во Србија под насловот „Не се сите болести за мене“, објавени се избрани песни на македонските поети Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски и Јовица Тасевски-Етернијан.
Во изданието на 763 страници со избрани песни преведени на српски јазик се застапени најзначајните светски поети од 52 држави, а опфатен е периодот од вториот милениум пред нашата ера до 21-от век.