Македонски репрезентативец ќе го менува Чалханоглу во Милан!?

Заминувањето на Чалханоглу во Интер остави голем простор во составот на Пиоли во однос на позицијата креативен плеј а според медиумите во Италија, Енис Барди е изборот на Малдини.

Македонскиот репрезентативец има договор со Леванте до крајот на следното лето и поради ова во моментов е достапен за сума околу 25 милиони евра.

Милан за Барди нуди 15 милиони евра плус бонуси,но засега Леванте бара 25 милиони евра плус 5 милиони евра во случај Милан да се пласира во Лигата на шампионите, или да стане првак во Италија.

Барди е трансфер цел на повеќе тимови од Европа, меѓу кои се Лидс, Виљареал и Валенсија.