Македонецот Харис Бабачиќ кој живее и работи како вирусолог во Шведска преку статус на Фејсбук прашува што прават Министерството за здравство и Лекарската комора додека пациентите заразени со коронавирус се лекуваат со несоодветни лекови?
-Година и пол помина, мене се уште не ми е јасно дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19… 😕
Не водам евиденција, но вака одоковно на една третина до половина од луѓето со КОВИД-19 од Македонија со кои контактирам им биле препишани ненормални дози на ивермектин во комбинација со панцеф и/или моксирал и/или азитромицин. За вирусна болест, кршејќи ги сите принципи на медицина базирана на докази.
Па се прашувам што прават Министерството за здравство и Лекарска Комора… Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле?
И дали некој од нив некогаш ќе одговара бар морално за вакви грешки?, стои во неговиот пост на Фејсбук.