
Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик.
Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска.
Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, а наставата ќе започне во февруари. На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како промотивна афирмација на македонскиот јазик, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од целиот Универзитет во Тирана.
Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на
Лекторатот по македонски јазик во Тирана.