Македонскиот боксер Гого Славески ја освои титулата во европската УБФ

Македонскиот професионален боксер Горјан Гого Славески ја освои УФБ верзијата до 76 килограми на вчерашниот турнир во Минхен, Германија.

За 26-годишниот Македонец ова беше осма победа на десет досегашни борби во профи рингот.

Славески го победи Србинот Славиша Миодраг со нокаут во петтата рунда во мечот кој беше предвиден да трае осум рунди.

Следен предизвик за Славески е мечот за ВБФ, балканската бокс федерација.

Се очекува Славески во вторник да се врати во Скопје и да има разговори со надлежните за да се приклучи на македонската боксерска репрезентација.