Во следната сезона на Лигата на шампионите Македонија првпат по долго време нема да има директен учесник во групната фаза. Нашиот клупски ракомет од осмото место на рангирањето, падна на тринаесеттото и повеќе нема сигурно место во групите, па шампионот ќе мора да бара „вајлд-карта“.
Елитното европско ракометно натпреварување нуди десет директни позиции во групната фаза. Засега сигурни се само Барселона и Спортинг, бидејќи се шампиони во своите земји, како и Магдебург и Фуксе Берлин преку Бундеслигата.
Во битката за посебна покана во Лигата на шампионите ќе биде и македонскиот првак Еурофарм Пелистер или Вардар). Конкуренцијата за шесте „вајлд-карти“ сигурно ќе биде огромна.