Македонската хакерска група „АнонОпсМКД“ се пофали на Твитер дека ги хакирале сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование.
Хакерите на Твитер упатија пораки до јавноста.
Министерството за здравство потврди дека е хакирана нивната веб-страница. Оттаму велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.
Тие се пофалија дека нивна цел е како што велат Министерството за смрт.
Хакерски напад имаше и на денот на изборите, кога падна страницата на ДИК.