3.5 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Македонските „Анонимуси“ го урнаа официјалниот сајт на пејачката Дуа Липа

По вчерашните пораки на АнинимусМКД на страниците на министерствата за здравство и за образование и наука, во кои тие го искажуваат својот револт поради негрижата за здравјето и животот на народот, хакерската група информираше и дека го урнале офилијалниот сајт на британската пејачка од албанско потекло Дуа Липа.

Хакерската група објави на Twitter  дека ѝ го преземалa официјалниот сајт на Дуа Липа во знак на револт и дека нема да биде функционален еден час, а со тоа сакаат да докажат дека навистина имаат моќ, на сите оние кои не веруваат дека имаат капацитет за големи работи.

Ваквата реакција следи по фотографиите што ги објави на социјалните мрежи за „Голема Албанија“ која опфаќа територии од сите соседни држави како и од Макединија, и пораките за Косово, па на сметка на британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, пристигнаа лавина реакции од регионот, но и од светот.

Подоцна, пејачката се обиде да се „извлече“ со објавата дека била погрешно сфатена.