Во големото финале нашиот баскет тим ја совлада Литванија со 16:12 и како најдобра селекција на овој турнир обезбеди учество на ЕП во Белорусија кое ќе се одржи следниот месец.
Во четвртфиналето и полуфиналето нашите баскетчии беа подобри од Германија и Белгија.
Нашата селекција ја сочинуваа Елвис Хот, Борис Вчков, Блажо Митков и Драган Узуноски, а ги предводеше Абдураим Бајрактар.
ЕП во Минс, Белорусија ќе одржи од 21-ви до 23-ти август.