Македонските боксери Јанески и Лама не знаат како ќе се вратат од Лондон во Македонија, се откажале летовите

Македонските репрезентативци во бокс симанти од авионот кој требаше да ги врати во Македонија по прекинувањето на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио што се одржуваа во Лондон, пишува поратлот Ипон.мк.

Јасин Лама и Гоце Јанески се качиле во авионот, но пред да полета им било соппштено дека летот со одложува. Од Боксерската федерација на Македонија и купиле карти и за лет преку Истанбул, но и од тоа ништо не биднало.

Сега тие се сместени во хотел и чекаат помош од државата како да си дојдат во Македонија, бидејќи аеродромите во Скопје и Охрид се затворени, а во соседството ги примаат само нивните државјани.

Од друга страна, Косово пратило владина авион да ги донесе нивните боксери од Лондон по забраните што настанаа за летање.

Од БМФ очекуваат помош од Министерството за надворешни работи и другите институции.