Вкупно 55 отсто од граѓаните во Македонија би се бореле доколку избувне војна покажуваат резултатите од анкетните анализи што ги објави Европската комисија, според кои во однос на другите во регионот македонските граѓани се најмалку подготвени да се борат за својата земја.
Како што објави порталот Независен, во истражувањето кое завршило оваа година, прашањето до машката популација е „доколку избие војна, дали сте подготвени да ја браните вашата татковина?“.
На првото место во регионот со 87 отсто е Грција, а следуваат со 87 отсто во Словенија, и 85 отсто во Албанија. Следат Туркије со 83 проценти, Бугарија со 75,5, Хрватска 74,2, Романија со 68,2, Србија со 65,9, Црна Гора (61,1) и БИХ (59,5).
Споредбата со едно такво истражување спроведено во 2019 година овие податоци покажуваат дека борбеноста на населението сега е на повисоко ниво. Тогаш 38 отсто од граѓаните би умреле за татковината.