
Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија го освои петтото место на Балканското првенство во Тирана.
Во мечот од разигрувањето, избраничките на селекторот Александар Митев славеа со 3:2 во дуелот со Црна Гора и со втора победа најавија дека полека го креваат нивото на женската одбојка во меѓународни рамки.
Во првото коло од групната фаза нашата репрезентација славеше против Албанија со 3:1, а денеска одигра маратонски меч со Црна Гора и успеа да запише и втор триумф.