Македонската репрезентација имаше успешен настап на дваесетото Светско првенство за сениори што се одржа во Белград од 24 октомври до 1 ноември годинава.
Македонските кик-боксери Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодорова, постигнаа извонредни резултати во категоријата кик-лајт, освојувајќи два златни и еден бронзен медал во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји.
Репрезентативецот Ненад Манојловски на Светското првенство во Белград ја доби и наградата за “најдобар борец” на татами, а Димитар Ѓорѓиев трет пат по ред е светски шампион во својата категорија.