Македонските кик боксери со две бронзи на СП во Римини

Македонските кик боксери се враќаат од СП во Римини со две освоени бронзи во дисциплината „лоу кик“ и петто место во дисциплината „кик лајт“.

Бобан Илиоски во категоријата до 71 килограм се закити со бронза откако во полуфиналната борба загуби од Грегори Садрик Ганс од Јужна Африка.

Втор македонски кик боксер во „лоу кик“ дисциплината Хадис Рамадани во конкуренација до 67 килограми мораше да се задоволи со бронзениот медал по поразот од Данило Раткиќ од Србија.

Марија Божиноска, пак, која настапи во „кик лајт“ во категорија над 70 килограми го освои петтото место.

Бонито Вито Лоренцо од Франција стана светски шамион со кого Марио Додевски се сретна на самиот старт на ова Светско првенство.