![kik boks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/kik-boks1.jpg?resize=500%2C230&ssl=1)
На Балканското првенство во кик бокс викендот во Ниш, Србија учество земаа 220 кик боксери од осум земји меѓу кои и Македонија која освои шест медали.
Ненад Манојловски -69кг кик лајт и Димитар Ѓорѓиев -79кг кик лајт станаа балкански шампиони.
Марија Божиновска +70кг кик лајт, Милан Кубин -89кг кик лајт и Бобан Илиовски -71кг ги освоија вторите места и сребрениот медал во своите категории.
Најмладиот македонски репрезентативец Хадис Рамадани -67кг лоу кик го освои третото место и бронзениот медал.
Покрај Македонија на Балканијадата учествуваа и: Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Словенија и домаќинот Србија.
За време на првенството се одржа состанок на Балканската кик бокс федерација на кој за нов претседател по оставката на досегашниот, Бојан Колев од Бугарија едногласно е избрана Александра Неделковска, претседателот на Кикбокс федерацијата на Македонија.