Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Република Ирска со 77-66 во завршниот натпревар од групата А.
Македонските кошаркари рутински ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар и завршија првопласирани во групата А.
Најефикасен во македонските редови одново беше центарот Теодор Симиќ со 17 поени.
Следен противник на македонските кошаркари ќе биде Велика Британија во рамки на четвртфиналето. Дуелот е на програмата в петок во СРЦ Кале.
Пласман во елитната А дивизија ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации на Европското првенство во Скопје.