Покрај одлуката вчера од Бордот на ФИБА претквалификациите за Светското првенство закажано за 2023 година да се одиграат во балон-систем, одреден е и распоредот по кој ќе се одиграат натпреварите.
Нашите момци од сениорскиот репрезентативен состав, во рамки на групата Ф ќе се пресметаат против Швајцарија и Словачка, од 12. до 18. август.
За сега не се одредени домаќините-организатори на балоните. Таа одлука ФИБА ќе ја донесе и објави во периодот од 7.-11. јуни 2021 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
12.08.2021 (четврток)
Македонија – Швајцарија
14.08.2021 (сабота)
Словачка – Македонија
16.08.2021 (понеделник)
Швајцарија – Македонија