Македонските кошаркари во Гевгелија ќе играат против Данска и Норвешка

Во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, најдобрите македонски кошаркари и избраници на селекторот Александар Јончевски ќе одиграат два натпревари против Данска и Норвешка во салата „26 Април“.

Најпрвин на 10 ноември од 19.00 часот ќе бидат домаќини на Данците, а три дена подоцна во истиот термин ќе ги пречекаме Норвежанитее.

Потсетување дека во оваа втора фаза од претквалификациите во првите две кола во август ги победивме Данска на гости со 70:73, а во Скопје бевме подобри од Словачка со 79:75.

Првопласираната селекција од групата ќе се најде директно во главните квалификации за ЕП 2025. Преостанатите селекции ќе имаат шанса во последната трета рунда од претквалификациите од каде уште четири репрезентации ќе се најдат во главните квалификации.