
Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во второто коло во рамки на групата А од Европската сребрена лига, откако попладнево во неизвесен натпревар загуби на гостински терен од Романија со 3-2.
Романците ги решија во своја корист првите два сета (25:22, 25:17), но македонските ракометари возвратија со иста мера (25:23, 25:19) и водеа во решавачки петти сет со 9:8, но противникот врза три поена во серија и го доби сетот со 15:13.
Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Албанија в среда во Скопје, по што следува реваншот на гостински терен идната сабота.