Македонските одбојкари со трет пораз на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство, откако попладнево загуби од фаворитот Турција со максимални 3-0 во сетови.

Македонските одбојкари пружија силен отпор само во првиот сет, кој Турција во неизвесна завршница го реши во своја корист со 25-22.

Преостанатите два сета донесоа очајна игра на македонските одбојкари и целосна доминација на турскиот состав, препуштајќи им на „црвено – жолтите“ вкупно само 37 поени, 12 во вториот и 15 во третиот сет.

Својата следна шанса за прв триумф на континенталниот собир Македонците ќе ја имаат утре против Шпанија со почеток од 16 часот.