Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП

Иако Македонија водеше со 2:0 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стасаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета. Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата им припаднаа на унгарските одбојкари. Избраниците на Никола Матијашевиќ во последниот сет на крајот стигнаа до 14:16 за конечна победа.

Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 40 поени. Македонија е во квалификациската група Ф со Унгарија, Украина и Швајцарија.

Следниот натпревар македонските одбојкари го играат на 18-ти август на домашен терен со Украина, а потоа на 22-ри август ќе се соочат со Швајцарија. Последниот натпревар од августовскиот циклус е против Швајцарија на гостински терен на 25-ти август. Македонските одбојкари последните два натпревара од квалификациите ги играат против Украина на гости на 5-ти јануари и на домашен терен против Унгарија на 9-ти јануари следната година.

На Европското првенство ќе се пласираат првопласираните осум селекции од секоја квалификациска група, како и петте најдобри второпласирани. Првентството ќе се одржи следната година во септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија.