Вработените во министерството за внатрешни работи, деновиве привршуваат со уште една хуманитарна активност.
„Сочуствувајќи со настраданите во водената стихија која на почетокот од јуни оваа година ги погоди жителите на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, покрај поединечната помош која преку Црвениот Крст и донаторските телефони ја упатија кон нив, вработените во МВР организирани од Македонскиот полициски синдикат при исплатата на јунската плата издвоија над 400.000, 00 денари кои со посредство на Полициските синдикати од наведените држави се упатени како солидарна помош на семејствата на настраданите колеги- вработени во нивните министерства,“ велат од Синдикатот.
Со исплатата на јулската плата ќе бидат издвоени дополнителни средства од вработените во МВР кои во јуни користеа годишен одмор.
„По барање на колегите од настраданите подрачја , со оглед што екипи на воздухопловната единица на МВР од првиот ден на стихијата помагаа во овие подрачја, овие дополнителни средства ќе бидат доделени на семејствата на трагично загинатите пилоти во хеликоптерската несреќа кај Струмица,“ додаваат од таму.