Имајќи предвид дека Австрија и Холандија се во истата група со селекцијата на Македонија на ЕУРО, од подготвителните натпревари одиграни во средата најинтересни за македонската спортска јавност бнеа дуелите меѓу Холандија и Шкотска и Австрија со Англија.
Селекцијата на Шкотска во португалски Фару двапати беше во водство против Холандија, но на крајот дуелот заврши без побеник 2:2.
Шкотите поведоа со голот на бекот Џек Хендри во 11 минута, а израмни Мемфис Депај во 17 минута. До новото водство Шкотска дојде во 63 минтуа кгоа стрелец беше Кевин Нисбет, но Депај со својот втор погодок во 89 минута го постави конечниот резултат.
Австрија беше поразена во Мидлзборо со 0:1, со погодокот на 20-годишниот напаѓач на лондонски Арсенал, Букаје Саке во 56 минута.
Првиот меч на ЕУРО во рамките на Групата Ц, Македонија го игра на 13-ти јуни против Австрија, а четири дена подоцна, избраниците на Игор Ангеловски ќе се соочат со Украина. На крајот од групната противник ќе биде Холандија, во Амстердам на „Јохан Кројф Арена“.
Германија и Данска во Инсбрук одиграа 1:1. Германците дојдоа во предност во 48 минута преку Флоријан Нојхаус во 48 минута, а Данците израмнија во 71 минута со погодокот на Јусуф Поулсон.
Франција во Ница го совлада Велст со 3:0, а притоа Карим Бензема во 27 минута не реализираше пенал, односно неговиот удар го одбрани голманот Вард. Но расположен беше Килијан Мбапе кој погоди во 34 минута потоа во 48 минута му асистираше на Антоан Гризман, а конечните 3:0 ги постави Усман Дембеле во 79 минута.