Меѓународната ракометна асоцијација ИХФ е ставена на макиом, откако протече информацијата дека во репрезентацијата на САД има 18 позитивни случаи на Covid-19, и тоа само на ден пред официјалниот почеток на Светското првенство во Египет.
Американците, сеапка, не се откажуваат од настап на светското првенство. Селекторот Роберт Хедин најави дека ќе допатуваат во Египет со 12 играчи само да не го пропуштат настапот на мундијалот.
Хедин, исто така, е позитивен на коронавирус. ИХФ треба да реши што со актуелната ситуација, Македонија е прва резерва и се надева на повик во последен момент.
САД се дел од групата Е на светското првенство а противници им се селекциите на Франција, Норвешка и Австрија.