
Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари убедлива победа над Азербејџан со 41:22 (18:8) на стартот на квалификациите за баражот за СП 2019, кое ќе се одржи во Јапонија.
„Жолто-црвените“ одиграа силен дуел и ја покажаа својата надмоќ над противникот, откако во ниту еден момент на оставија сомнеж за победата.
Сара Ристовска со 11 голови ја предводеше Македонија, а кај Азербејџан Танкаскаја реализираше шест.
Нашата репрезентација утре од 18:00 часот ќе го одигра вториот меч од квалификациите со селекцијата на Исланд.
Првото место во групата, во која е уште и Турција, носи пласман во јунскиот бараж за СП 2019.