Најдобрите македонски таеквондисти предводени од капитенот Дејан Георгиевски денеска ги завршија базичните подготовки за претстојната натпреварувачка година.
Подготовките беа под стручно водство на претседателот на МТФ и селектор Борче Костовски, човекот кој креираше светла историска олимписка приказна. Помагачи во стручниот дел беа помошниците селектори Стефан Костовски, Викторија Спасовска и Иван Крстевски.
На овие подготовки од страна на селекторот беа повикани најдобрите македонски таеквондисти во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.
Целосните финансиски импликации беа подмирени од страна на Македонската Таеквондо Федерација.
Македонските репрезентативци се подготвуваа за претстојните Г турнири, официјални светски и европски првенества во сите старосни категории. Прв тест ќе биде Турција ОПЕН светски куп Г1 на средина на следниот месец.
-На 30-ти март не очекува Г1 Скопје Опен, турнир кој веќе е вистинска светска класа на спортски настан.
Главни настани за годинава ќе бидат светското сениорско првенство коа ќе се одржи месец Октомври во Кина, и европското сениорско првенство кое ќе се одржи во месец ноември. Македонската Таеквондо Федерација беше прогласена за најдобра федерација во 2024 година, МТФ поставува државни стандарди за спорт, така и ќе продолжиме. За Македонија, велат од федерацијата.