Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“, ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година, под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија.
-Ги вкрстуваме винските патишта и го промовираме уникатниот спој на вкусови и ароми кои го претставуваат духот на Балканот! Под мотото „Taste Life – Вкуси го животот“ ќе се промовираат македонските вина, храна и туризам. На саемот посетителите ќе може да вкусат квалитетни и реномирани македонски вина од 42 наши винарии, како и македонска храна приготвена од врвни готвачи од Северна Макеоднија!, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
-Учеството на Северна Македонија на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина, но и силна и ефективна промоција на туристичките капацитети на Северна Македонија и привлекување нови туристи.
-Нашата македонска кујна е позната по специфичната комбинација на вкусови составена од врвните зеленчуци и билки одгледувани под ова наше поднебје. На саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград ќе биде изложена највкусната и најпознатата македонска традиционална храна, објави Ковачевски.