Македонска делегација од 9 винарии денес имаат прилика да одржат бизнис средби со увозни компании, компании од ХОРЕКА канал, како и новинари од Холандија. Ова е шестиот промотивен настан на македонско вино во низа кој Здружението Вина од Македонија (ВоМ) го организира овој месец.
Имено, на 29. октомври македонското вино се промовираше и во Копенхаген, Данска, каде во соработка со Invest Macedonia и Амбасадата на РМ во Данска, ВоМ организираше успешно преставување на македонските компании и на овој пазар. На бизнис средбите македонските винарии се сретнаа со преку 100 заинтересирани компании и овој Б2Б нaстaн oвoзмoжи винариите дa рaзменат знaчaјни искуствa, врз кoи плaнираат пoнaтaмoшнa сoрaбoткa.
На промотивните настани во Холандија и Данска претходеа посети во Македонија на новинари од овие земји кои се случија на почеток на месец Септември оваа година кои преку пишаните медиуми во Холандија и Данска го пренесоа своето воодушевување од македонските винарии и македоснкото вино.
На 27. октомври во Париз, 5 македонски визби се преставија пред француската професионална публика. Во просториите на OIV (Интернационалната организација за вино и грозје), во присуство на Претседателот на OIV – M.Jean-Marie AURAND, претседателот на ВоМ – г-дин Светозар Јаневски, Министер Советски од Амбасадата на РМ – г-дин. Габриел Атанасов и г-дин Игор Николов, Invest Macedonia се одржа прес конференција пред значајни вински новинари од Франција, по што следуваше дегустација на македонските вина.
На пазарот во САД како еден од најпотенцијалните пазари за пласман на флашираното македонско вино и оваа година беа организирани два промотивни настани. На 20. октомври во Њујорк и на 22ри Октомври во Чикаго македонското вино го промовираа 6 македонски визби кои заеднички се промовираат пред американската професионална публика – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.
И на 16ти Октомври, во Стокхолм, во организација и на огромно залагање на Амбасадата на Република Македонија во Шведска и Нордискиот вински институт, се одржа првиот здружен промотивен настан за македонско вино и на овој пазар. Во просториите на Македоснската Амбасада, 6 наши винарии имаа можност да ги престават своите производи и да остварат Б2Б состаноци со голем број на шведски компании кои работат во винскиот бизнис.
Во рамките на овие промотивни настани Здружението Вина од Македонија организираше Семинари за македонското вино со цел подобро запознавање на професионалната публика во овие земји со потенцијалите на нашето вино, со посебно внимание на сортата Вранец. На промотивните настани учествуваа винариите: Тиквеш, Стоби, Бовин, Камник, Далвина, Езимит, Попов, Попова Кула, Сопот и Имако.
Настаните се финансиски поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи, од Холандската Агенција за поддршка на извозот на земјите во развој ЦБИ, како и од страна на винариите членки на Здружението Вина од Македонија. Огромна помош и поддршка во организацијата на настапот на македонските винарии пружија и Амбасадите и Козуларните преставништва на Република Македонија во овие земји и преставниците на Инвест Македонија.
Следува учество на македоните винарии на Саемот за вино ProWine во Шангај каде 8 винарии ќе се претстават пред кинеската професионaлна публика од 11ти до 13ти Ноемвери оваа година.