Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО. Тој се заблагодари на присутните на настанот кој го означува почетокот на иницијатива од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, еден од најважните земјоделски региони во Македонија.
„Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина Битола, на расправа каде што се поканети и земјоделците, настанот означува отпочнување на проектот за решавање на децениски проблем кој што го имаат преку 2.000 земјоделци од овој регион“, истакна министерот Трипуновски.
Тој додаде дека досега земјоделците не беа во можност да го користат земјиштето за земјоделско производство поради сосопственост на државата. Но, со овој проект би се овозможило негово максимално користење.
„Министерството и ФАО ќе ги спроведат потребните активности за забрзано решавање на овој проблем што за жал долги години стоел како отворена опција“, појасни министерот Трипуновски.