Македонско-американските билатерални одбранбени односи се рефлексија на стратешкото партнерство

На маргините на министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба, министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска оствари средба со помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

-Македонско-американските билатерални одбранбени односи се рефлексија на стратешкото партнерство и сојузништво кое постои помеѓу нашите две земји.
Благодарност за поддршката во процесот на модернизација на македонската Армија и за континуираниот интерес за развој на интероперабилноста помеѓу нашите две сојузнички Армии, потенцира Мисајловски.