Македонско Дихово – меѓу најубавите 50 скриени локации на Европа!

Реномираниот туристички водич Lonely Planet објави ново издание за 50 тајни европски дестинации за мирен одмор. Меѓу нив и Дихово, кое е претставено како „непознатото село“ во близина на Битола.

„Дихово, во подножјето на Националниот парк Пелистер, нуди одлична почетна точка за пешачење по падините на планината Баба, висока 2.600 метри и на која се наоѓаат две беспрекорни глечерски езера. Ова е диво, но интересно место. Пелистерските мечки всушност ги тужат на суд за кражба на мед (можете да купите големи тегли мед од пчеларите во Дихово). Дихово можеби е тивко (има еден ресторан, две гостински куќи и една прекразна црква), но нуди длабоки искуства како што се возење на велосипед оп планинските патеки и ледено пливање во чуден природен базен создаден од водите на реката Сапунчица“, пишува Lonely Planet.

Скриените локации во Европа, според Lonely Planet, нудат бегство од толпата и бучавата на секојдневието и можност за вистински одмор. Сепак да се пронајдат ваквите раеви не е секогаш најлесно, затоа што тоа се помалку познати места, понекогаш и за локалните жители.

Меѓу 50-те локации кои ги нуди Lonely Planet се и загребскиот Стрит Арт Музеј и Лошињ во Хрватска, Морињ во Црна Гора, Скадар во Албанија, Белград во Србија. Водичот „Скриена Европа“ со сите локации можете да го симнете на следниот ЛИНК.