Македонско друштво „Илинден“ од Тирана: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука

Одлуката на албаските власти  за карантин за воведува епидемиолошката мерка карантин за сите кои во оваа земја ќе влезат од соседна Македонија е избрзана и погрешна, оценува Македонско друштво „Илинден” од Тирана.

„Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две седмицили на секое лице што ќе влезе на територијата на Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени“, се оценува во соопштението на здружението на Македонците во албанската престолнина.

Предупредуваат дека одлуката ќе го погоди целото населението, вклучително и македонското во пасивните краеви на заедничката граница.
„Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија. За овие жители, приходот обезбеден со сезонска работа во Македонија за неколку месеци, е единствен приход за нивните семејства“, стои во објавата на „Илинден“ од Тирана.
Оценуваат дека Техничкиот комитет на експерти треба што побрзо ова седмица да ја ревидира ова одлука, бидејќи бројот на заразени лица во Македонија се намалува и не ја оправдува одлуката.