Македонско друштво „Илинден” – Тирана стана рамноправен член на ФУЕН

Македонско друштво „Илинден” – Тирана стана рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Едногласна одлука за тоа е донесена од страна на генералното собрание на ФУЕН на 60-от Конгрес на оваа асоцијација, кој од 13 до 17 мај, се одржал во Комотини, Република Грција.

– На Конгресот учестува 150 преставници на повеќе од 30 малцинства од 20 земји во Европа. Го организираа Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF), Асоцијација на дипломираните малцински студенти од Западна Тракија (BTAYTD) и DEB партија, сите членки на ФУЕН. Финансиски беше подржан од Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија, информира Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“ и учесник на Конгресот.

Пред делагтите тој опширно зборувал за положбата на македонскто малцинство во Албанија.

– Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека Генералното собрание едногласно ја донесе одлуката Македонското друштво „Илинден“ -Тирана да стане рамновправен член ФУЕН. На тој начин, „Илинден“ стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, што стана член на ФУЕН, вели Ѓурѓај.

Тој  имал средби со преставниците на Македонците во Грција, со првиот човек на Движењето за култура и образование на Воден, Евгенија Натсоулидоу и со членот Петрос Казаис, како и со отец Никодим Царкњас, за кого вели дека  претставува олицетворение на движењето на Македонците од Егејска Македонија. Одделни средби Ѓурѓај имал  и со претставници на државни институции на повеќе европски земји,кои учествувале на Конгресот.