Стопанската комора на Македонија (СКМ) , во соработка со Трговско-индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, организира Македонско-ирачки бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со ирачки и македонски компании, кои би се јавиле како потенцијални деловни партнери.
Бизнис-делегацијата од Северен Ирак ја сочинуваат компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар и тоа: прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам и друго.
Бизнисмените од Ирак истовремено ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија.