Македонско знаме во канадска емисија ги разлути Грците

Македонско знаме во канадска емисија ги разлути Грците
Македонско знаме во канадска емисија ги разлути Грците

Долгата рака на пропагандата на Скопје стигна и во детска емисија од Канада, коментираат денеска некои грчки медиуми, објави МИА

Се работи за детска емисија која вчера е емитувана на вториот канал на националата телевизија ЕРТ. Деца играат во двор во кој во позадина се гледа знаме кое наликува на македонско знаме.

Грчките информативни портали информираат дека се работи за емисија која била во канадско-британска копродукција, „субвенционирана од страна на даночните обврзници на Онтарио“.

Одговорните во ЕРТ соопштија дека не забележале каква пропаганда се прикажува во детските емисии“, јавуваат грчките медиуми кои побарале објаснување од националниот сервис и се лутат на неговата „неодговорност“и прикажување македонско знаме во емисијата.

Македонското знаме се вее во Атина

Во текот на средбата помеѓу вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, знамето на Република Македонија се вееше на зградата на грчкото МНР.

Македонското знаме се вее во Атина
Македонското знаме се вее во Атина

Вреди да се спомене фактот дека поставувањето на знамето на ФИРОМ во министерството за надворешни работи предизвика љубопитство иако станува збор за цврста дипломатска пракса да се поставува знамето на земјата од која доаѓа гостинот, министер за надворешни работи, веднаш до грчкото знаме – коментираат грчките медиуми.

Сепак и покрај тврдењата дека станува збор за вообичаена пракса, при минатата посета на Бесими на Атина, и средбата со тогашниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос македонско знаме не беше развеано на влезот од министерството.

 

Поврзани вести:
Македонското знаме е најубаво во светот. Македонското знаме победи во изборот за најубаво знаме на светот! Со 13,190 гласови, нашето знаме освои убедлива победа над знамето на Велика Британија кое освои 858, во натпреварот организиран од канадскиот весник Прованс.