Македонското и бугарското министерство за култура потпишаа програма за соработка

Глигор Чемерски и  Театарот Комедија (кој со две претстави ќе настапи во Сатиричниот театар „Алеко Константинов“), а македонската книжевност идниот месец ќе биде презентирана на Меѓународниот саем на книгата.

ЕКМ обраќање Софија

Канческа-Милевска денеска имаше и обраќање на Вториот форум за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и од Источна Европа, на панел-дискусија на тема: „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културните добра“. Во своето излагање таа ја истакнала важноста на градењето долгорочни политики и стратегии кои ќе резултираат со интегриран пристап во заштитата и промоцијата на културното богатство.

– Го нагласи и значењето на соработката и реализацијата на проекти и иницијативи со клучните партнери во регионалните и глобалните процеси, но ја потенцираше и важноста на воспоставувањето интензивна размена на проекти и искуства и со Народна Република Кина која е стратешки партнер и пријател на Република Македонија и на останатите земји од централна и источна Европа, наведува Министерството за култура.

Министерката за култура информирала и за заложбите на Владата на РМ и на Министерството за култура во областа на заштитата на културното наследство, за изградбата на музеи и активностите во музејската дејност, како и за презентацијата и промоцијата на највисоките вредности на македонското културно наследство и на уметничкото творештво во меѓународен контекст.