Македонското здравство бележи напредок за три места и има подобар ранг од неколку земји членки на Европската унија, според оценките на европскиот здравствен индекс, рече денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.
Тој истакна дека македонското здравство има голем напредок, пред се’ во квалитетот на здравствените услуги во однос на вложените средства.
Електронскиот здравствен систем „Мојт термин“, според истиот извештај, бележи одлични резултати, бидејќи дури и во развиените здравствени системи ретко може да се забележи таков проект.
Овие оценки, според Тодоров, се доказ дека македонското здравство оди напред и дека добро се развива.