Пол Маккартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата на богаташи на The Sunday Times објавена во петокот.
Богатството на 81-годишниот соосновач на легенарните The Beatles се зголеми со „многу турнеи, вреден каталог и мала помош од Бијонсе“, која ја обработи песната „Blackbird“. Богатството на Маккартни се проценува на милијарда фунти.
Списокот на The Sunday Times покажа дека бројот милијардери во Велика Британија паднаl на 165, од рекордно високо ниво од 177 во 2022 година. Дел од причината за тоа лежи во планот на владата да стави крај на мерката жителите на Обедитентото Кралство следната година да не плаќаат данок на приходи во странство.
Списокот покажа дека и богатството на кралот Чарлс III се зголемило за 10 милиони фунти, на вкупно 610 милиони фунти, благодарение на зголемувањето на вредноста на неговиот недвижен имот.
Хемискиот тајкун Џим Ретклиф, кој претходно оваа година купи удел во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, пронаоѓачот Џејмс Дајсон и сопственикот на компанијата „Virgin“, Ричард Бренсон, поминаа помалку добро.
Нивните богатство од повеќе милијарди фунти се намали.
Инвеститорот со индиско потекло Гопи Хиндуџа, чие богатство е проценето на 37 милијарди фунти, е на врвот на листата трета година по ред.