Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференцијата во Владата потенцираше дека макроекономската состојба е стабилна во услови на високо и адекватно ниво на девизни резерви и стабилен банкарски систем, но она што загрижува е ризиците насочени кон реалниот сектор.
„Како и минатата, така и на почетокот на оваа година има стабилни инфлациски движења, инфлацијата е во просек 0,7 отсто, што е пониско од нашите очекувања, а имајќи ги предвид цените на светски берзи кои влијаат на стапката на инфлација. Се очекува до крајот на годината да е под нивото кое го проектираме односно под 1,5 отсто” – изјави гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката на Народната банка се осврна и на девизните резерви, за кои посочи дека изнесуваат околу 3 милијарди евра и дека се на адекватно ниво.
„Ова значи дека имаме високо ниво на девизни резерви кое се согледува не само преку номиналниот износ, туку преку стандардните макроекономски индикатори. Причините се значајната акумулација на девизни резерви, особено во последните 2 години, кое растеше за 450 милиони евра. Имаме адекватно ниво на девизни резерви за потенцијални шокови” – додаде Бежоска.
Според Ангеловска-Бежоска, последните податоци и индикатори укажуваат дека банкарскиот систем е стабилен и претставува јадро на нашата економија.
„Високата капитализираност на банкарскиот систем, на пример адекватноста на капиталот што е повеќе од двојно од минималното законско барање. Ликвидноста на банките е на високо ниво, односно околу 30 отсто. Активата на банкарскиот систем е значаен фактор кој влијае на кредитната поддршка за пружање на коорпоративниот сектор. Тоа може да се согледа преку нивото на нефункционални кредити, 4,7 отсто во вкупните кредити, значајно пониско ниво предкризниот период што значи дека во регионални рамки е од пониските” – посочи гувернерката на Народната банка.
Гувернерката не ја загрижува макроекономската состојба и стабилноста на банкарскиот систем, но ја загрижуваат ризиците насочени кон реалниот сектор.
„Сите овие индикатори упатуваат дека макрономската состојба е стабилна, но не загрижуваат ризиците кон реалниот сектор. Централната банка презема некои мерки во рамки на законските надлежности“, рече Ангеловска-Бежоска.
На 16 март, Народната банка одлучи да ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, сведувајќи ја на 1,75 проценти што е најниско ниво во нашата економија. Ова намалување следува по намалувањето во јануари, кога во услови на стабилни макроекономски состојби централната банка ја намали каматната стапка за 0,25 процентни поени.
„Целта е да се поттикне кредитен економски циклус насочен кон корпоративниот сектор” – заклучи гувернерката.