Францускиот претседател Емануел Макрон ја откажал посетата на Швајцарија закажана за ноември годинава, поради откжувањето на швајцарските власти од набавка на француски бирбени авиони, објавија во неделата медиумите, што во Париз се доживува како уште еден удар откако беше објавено дека безбедносниот договор меѓу Вашингтон, Лондон и Канбера ја скуси француската наменска индустрија за договор во износ од повеќе десетици милијарди евра бил договорен на самитот на Г7 на кој присуствуваше и францускиот челник но зад неговиот грб и во тајност.
Како што објавија швајцарските дневни весници Le Matin Dimanche и Sonntags Zeitung, францускиот претседател преку дипломатски канал ги известил властите на Конфедерацијата за откажување на посетата и средбата со швајцарскиот претседател Ги Пармелан. Официјалната посета на Емануел Макрон беше најавени за ноември и била подготвувана веќе шест месеци.
Како што се наведува, францускиот челник, исто така, дал инструкции за запирање до летото 2022 година на сите билатерални конатакти на високо ниво со Швајцарија. Швајцарските власти укажуваат дека контактите меѓу двете држави на оперативно ниво и преку амбасадати ќе придолжат.
Медумите забележуваат дека одлуката на Макрон се должи на фактот што Швајцарија се одлучи за американските ловци „F-35“ за потребите на својата армија во вкупен изност од 6 милијарди долари. Според весниците, разговорите со Франција за купување на ловците „Rafale“ продолжиле и откако Берн ја донел конечната одлука за набавката од САД.
Претходно во претокот Франција ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија, одлука без преседан меѓу овие два историски сојузници. Франција ги обвинува САД дека го поткпале профитабилниот договор за француската воено-поморска индустрија, кој предвидувал изградба на 12 конвенционални подморници во Австралија во изност од 60-ина милијарди евра. Но, Канбера на крајот се одлучи за договор со САД и Велика Британија, нарачувајќи подморници со нуклеарен погон.
Во заднината на договорот за подморниците, Париз итно ги повлече на консултации своите амбасадори во САД и Австралија, но не му даде слична инструкција и на абасадорот во Велика Британија. Како што истакна францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, се решиле да не преземаат таков пег „знаејќи ја политиката на постојан опортунизам“ во Лондон.
Претходно во саботата британскиот весник The Sunday Telegraph објави дека деталите за партнерството во сферата на одрбаната и безбедноста меѓу САД, Велика Британија и Австралија (AUKUS) биле договорени на Самитот на Г7 во јуни годинава во англиски Конрвол, но францускиот претседател Емануел Макрон воопшто не бил известен и свесен за тоа.
Според созанието на весникот, поранениот британски министер за надворепшни работи Доминик Рааб помогнал во подготвката на договор и покрај предупредувањата дека тој може да ги влоши односите на Лондон со Париз и со Пекинг. На Самитот на Г7 кој се одржа од 11-ти до 13-ти јуни присуствуваа челнициет на индустриски најразвиените земји на светот Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија, а лидерите на Австралија, Индија, Јужна Кореја и ЈАР беа поканети како гости на самитот.
Како што пишува The Sunday Telegraph, сите документи кои се однесувале на пактот AUKUS коишто биле разгледувани од британската влада бил класифицирани како „строго доверливи“.
Лондон го брани AUKUS
Австралија, Велика Британија и САД ноќта кон 16-ти септември го објавија формирањето на новото безбедносно партнерство AUKUS. Како дел од договорот, Австралија планира да набави најмалку осум нуклеарни подморници базирани на американски и британски технологии, од кои првата треба да биде ставена во служба во 2036 година, како и повторно опремување на своите вооружени сили со американските крстосувачки проектили.
Поради тоа, Канбера го раскина со Франција најголемиот договор во сферата на одбраната во својата историја, на што Париз жестоко реагираше оценувајќи го потегот како „заривање нож в грбот“ од страна на сојузниците во НАТО. Кина, пак, предупреди дека создавањето на AUKUS ќе ја заостри трката во вооружување и ги повика членките на новиот воен блок „да го напуштат менталитетот од ерата на Студената војна и тесноградите геополитички концепти“.
Во меѓувреме новата британска министерка за надворешни работи Елизабет Трас во напис објавен во The Sunday Telegraph застана во одбрана на пактот.
„Слободите треба да ги заштитиме, и затоа градиме силни безбедносни врски биз целиот свет“, пишува меѓу другото новата шефица на британската дипломатија именувана на должноста неколку часа пред официјалното објавување на договорот за AUKUS,
„Затоа оваа седмица премиерот (на Велика Британија, Борис Џонсон) заедно со нашите пријатели (американскиот претседател Џо) Бајден и премиерот (на Австралија, Скот) Морисон го објвија новото безбедносно партнерство наречено AUKUS“, додава Трас.
„Тоа ја демонстрира нашата посветеност непоколебливо да ги браниме нашите интереси и да ги оспораме нефер политиките и злонамерните дејствија. Исто така, ја покажува нашата посветеност кон безбедноста и стабилноста во Индо-Пацифичкиот регион. Премерот претходно годинава ија истакна клучната стратешка важност на регионот кога ја изнесе својата визија за Глобална Британија (концепција на британската влада создадена да ја демонстрира новата улога на Велика Британија по излегувањето од ЕУ) во Сеопфатниот преглед на безбедноста, одбраната на и надворешната политика“, додава министерката за којашто ова е прата колумна откако дојде на позицијата.