
Французите би требало да работат две години подолго, до 64-годишна возраст за целосна пензија, соопшти во вторникот премиерката Елизабет Борн, претставувајќи ја непопуларната реформа на пензискиот систем што ги поттикна синдикатите итно да повикаат на прв ден од штрајкот подоцна во јануари.
Правото на пензионирање во релативно помлада возраст е многу важно за Французите и реформата ќе биде голем тест за способноста на претседателот Емануел Макрон да спроведе промени во својот втор мандат, уште повеќе што расте незадоволството на населението поради се поголемите животни трошоци.
Реформата, како што истакнува францускиот претседател, е потребна за пензискиот буџет да не потоне „во црвено“. Стапката на невработените на возраст од 60 до 64 години во Франција е една од најниските меѓу водечките индустријализирани земји во светот.
Премиерката Борн изјави дека земјата мора да ја прифати реалноста. Реформата мора да го одобри парламентот во кој Макрон го загуби владејачкото мнозинство.
Истражувањето на јавното мнение спроведено од институтот Odoxe покажало дека четири петтини од Французите се противат на зголемувањето на возраста за заминување во пензија.
Француските синдикатите повикаа на национални штрајкови од 19-ти јануари.
Реформите на пензискиот систем беше главниот столб на реформистичката агенда кога Макрон влезе во Елисејскиот дворец во 2017 година. Меѓутоа, во 2020 година се откажа од првиот обид за нивното спроведување поради пандемијата на коронавирусот.
Вториот обид, меѓутоа, воопшто нема да биде полесен. Макрон и Борн ќе имаат потреба од поддршка од конзервативните републиканци за пензиската реформа да мине во парламентот.
Макрон во почетокот сакаше да ја зголеми возраста за одење во пензија на 65-годишна возраст, но пред неколку седмици попушти. Според владиниот план, возраста за одење во пензија постепено би се подигнувала за три месеца на една година од септември, така што целта од 64-годишната старост би бил водена во 2030 година. Со тоа, од 2027 година, осум година пред планираното во поранешната реформа, ќе мора да се работи 43 години за целосна пензија.
Реформата на францускиот пензиски систем ја критикуваат социјалистите, крајната левица и крајната десница. Од друга страна, конзервативните Републиканци реагираат позитивно, а нивните гласови ќе бидат клучни. Здружението на работодавачите Medex, исто така, го поздрави предлогот на владата на Макрон.