Францускиот претседател Емануел Макрон изрази во петокот задоволство од тоа што Алжир помага во „диверзификацијата“ на снабдувањето со гас во Европа зголемувајќи го извозот во Италија, во текот на вториот ден од неговата официјална посета на оваа северноафриканска земја поранешна француска колонија.
„Не си конкурираме со Италија“ во врска со алжирскиот гас, истакна Макрон пред новинарите, додавајќи дека е „мала важноста на гасот во енергетската слика“ на Франција.
Напротив, додаде францускиот претседател, „му благодарам на Алжир што и зголемил количествата кои ги впумпува во гасоводот кој ја снабдува Италија“.
„Тоа е добро за Италија, добри е за Европа и тоа придонесува за диверзификацијата во Европа“, којашто претходно беше премногу зависна до рускиот гас, рече Макрон и демантираше дека Франција „го молела“ Алжир за гас.
„Франција малку зависи од гасот во своите енергетски потреби, одвај 20 отсто, а Алжир во рамките на тоа сочинува 8 до 9 отсто, не сме во динамика во којашто алжирскиот гас може да ја промени ситуацијата“, појасни Макрон.
Алжир од почетокот на 2022 година испорачал во Италија 13,9 милијарди кубни метри гас, што е за 113 отсто повеќе од претходно планираните количества. Алжир е најголемиот африкански извозник на гас и осигурува околу 11 отсто од потрошувачката во Европа.
Топката е во полето на Иран
Кога станува збор за иранското прашање, Макрон изјави дека „топката сега е во иранската половина“ и дека договорот за иранската нуклеарна програма ќе биде „полезен“ , иако „нема сѐ да реши“.
Одговарајќи на новинарско прашање за шансите за обновување на нуклеарниот договор кој Иран го постигна со шесте светски сили во 2015 година а од кој во 2018-та истапија САД, Макрон не кажа дека очекува успех во претстојните денови и седмици.
„Не е мое да изнесувам предвидувања, но многу внимававме да се сочува рамнотежата на сериозниот договор во текот на важните разговори со (американскиот) претседателот (Џо) Бајден, со (германскиот) канцеларот (Олаф) Шолц и (британскиот) премиерот (Борис) Џонсон за да се оствари напредок. Топката сега е во иранското поле“, изјави Макрон пред новинарите.
„Но тој договор не решава сѐ, го знаеме тоа и ќе мора да разговараме со Иран за балистиката, регионалното влијание и многукратната дестабилизација“, рече Макрон.
Со тоа францускиот челник всушност ги повтори барањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога во 2018-та ги повлече САД од нуклеарниот договор и ги врати децениските санкции, по што Техеран постепено ги суспендираше своите обврски од договорот.
Франција, како постојана членка на Советот за безбедност при Обединетите нации, е една од шест земји потписнички на договорот со Иран, како и САД, Русија, Кина и Велика Британија, како и Германија која ја застапува Европската унија.