Макрон: Белгија се приклучува на проектот за европски борбен воздухопловен систем

Белгија ќе се приклучи во француско-германскиот проект за борбени авион од новото поколение Future Combat Air System (FCAS), изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Според Макрон, Белгија прво ќе биде вклучена како набљудувач во повеќе милијарди евра вредниот проект во кој партнер е и Шпанија.

Идниот воздухопловен борбен систем FCAS во минатото беше извор на тензии меѓу Германија и Франција, делумно и затоа што „Dessault“ и „Airbus“, компаниите вклучени во развојот на новата генерација борбени системи, не можеа да се договорат како меѓусебно да ги поделат деловите од проектот.

Меѓутоа, кон крајот на минатата 2022 година двете компании постигнаа напредок. Германското Министерство за одбрана соопшти дека соработката ќе го зајакне европските воени способности и ќе обезбеди важно знаење и искуство за германската и европската индустрија.

Проектот FCAS би требало да биде оперативен од 2040 година и да го замени борбениот авион од моделот „Eurofighter“. Заедно со невооружените и вооружените беспилотни летала „LetJet“ и во тој поглед ќе биде повеќе од само борбен авион.

Вкупниот трошок е проценет во распонот од стотина милијарди евра. Во проектот се вклучени индустриите на Германија, Франција и сега Шпанија.