![макрон](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/makron.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во Франција нема место за политички ислам и објави мерки против исламистичкиот сепаратизам, што е многу чувствително прашање со оглед на тоа што се приближуваат локалните избори во таа земја. Тој најави постепено завршување на таканаречените „деташирани имами“ што во Франција ги испраќаат другите земји како Турција и Алжир. „Нашиот непријател е сепаратизмот“, рече Макрон, додавајќи дека исламот минува низ криза поради радикализација на одредени движења кои се залагаат за исламска политика.